Ако вашата работа е канцелариска тогаш веројатно минувате многу време во седење. Тоа можеби на прв поглед не изгледа штетно, но долгото седење е поврзано со низа здравствени проблеми како висок шеќер во крвта, дебелина и високо ниво на холестерол.
Најдоброто нешто што може да го направите е да се движите цел ден, но ако не можете тоа да го правите тогаш негативните ефекти од седењето може да ги ублажите со здрава исхрана.
Оваа храна е најдобра за луѓето кои многу седат:
Грицкајте јаткасти плодови – Направете си микс од ореви, лешници, бадеми, леблебија, ф’стаци, индиски орев и слично. Оревите содржат омега 3 масни киселини, а бадемите содржат витамин Е. Според резултатите од сегашните истражувања, доволно е 60 г бадеми дневно за да се заштитите од дијабетес и кардиоваскуларни болести.
Лук – Лукот го регулира нивото на шеќер и масти во крвта. Покрај тоа, го поттикнува варењето, ги олеснува воспаленијата и тромбозата. За да почувствувате ефект секојдневно мора да јадете барем едно чешне лук. Непријатниот мирис може да се отстрани со чаша млеко или мастика за џвакање.
Авокадо – Авокадото има најголем процент на масти, неговите незаситени масни киселини ги перципираат мускулните клетки како здрави и се борат против мастите околу стомакот. Авокадото може да го јадете како салата со друго овошје или може да го наполните со темно чоколадо за десерт.
Маслиново масло – Консумирањето маслиново масло е одличен начин да се заштитите од зголемениот ризик од срцеви заболувања. Исто како оревите, и маслото има маснотии кои го штитат срцето и ја зголемуваат долговечноста.
Зрнесто овошје – Боровинки, јагоди, малини, капинки, рибизли, аронија и слично се сметаат за супер храна и тоа од многу добра причина. Содржат флавониди кои помагаат во борбата против слободните радикали. Исто така се богати со витамини и минерали.