ХРИСТОВОТО РОЖДЕСТВО СВЕЧЕНО ПРОСЛАВЕНО И ВО ЦРКВАТА СВЕТА ЗЛАТА МЕГЛЕНСКА ВО ХОПЕРС КРОСИНГ
Неколку стотини македонски верници од Хоперс Кросинг, Вереби, Поинт Кук, како и од другите околни места, свечено го прославија Христовото рождество – Божик.
Во Македонската православна црква Света Злата Мегленска богослужение одржа отец Глигур Киселинов кој го нагласи Христовото раѓање како најрадосниот ден за сите православни христијани.
„Христос се роди, вистина се роди”, верниците на овој начин си го честитаа меѓу себе големиот празник и Божикните празници, со желба на сите да ни донесат мир, спокојство, среќа и пред се добро здравје во семејствата.
Имаше верници кои беа причестени од свештеникот Киселинов, по еден месец и половина пост, меѓу нив забележавме и повќе помали дечиња, кои беа заедно со своите родители или баба и дедо.
Инаку, традиционално по богослужбата, верниците се собираат и во салата на црквата каде некои од нив и раздаваат разновидна храна за покој на душите на нивните најблиски. Како што не информира свештеникот Киселинов, на 13 јануари во салата на црквата ќе биде пречекана и Старата Нова Година – Василица, а гостите ќе ги забавува групата Рум, Дум, Дум, со Стево и Џулиус Мечкаровски и вокалната солистка Вера Трајковска.
Текст и фото:
Трајче Бошковски



