ХРИСТОС ВОСКРЕСE НАВИСТИНА ВОСКРЕСE

Традиционално за големиот христијански празник Велигден, сите македонски цркви во Австралија беа преполни во сабота навечер, и се имаше тешкотии да се најде паркинг во близина на храмовите.

Велигден или Воскресение е најголем христијански празник, со кој се одбележува денот кога Исус Христос воскреснал од мртвите.
Оваа година, датумот на Велигден за Западот и за Истокот се совпадна. И католиците и православните христијани го славеа на 16 април.
Обично католичкиот Велигден се слави порано од православниот. Главната причина за ова е дека православната црква го одредува датумот за славење на Велигден според Јулијанскиот календар, а Католичката црква – според Грегоријанскиот.
После службата на полноќ присутните ги кршеа вапцаните јајца што претставува симбол на живот, т.е. го симболизира воскреснувањето на Исус Христос. Оној што победува по традиција се смета дека ќе има здравје во текот на целата година, а за “знак” се смета среќа, благосостојба и добро здравје.
Преку oвие слики сакаме да доловиме дел од атмосферата низ нашите цркви во Австралија.

Останати вести