Хју Џекман го прослави роденденот со донаторска забава

Хју Џекмен го прославил 45-от роденден во присуство на 4.500 гости, кои морале да платат за да присуствуваат на програмата организирана во холивудскиот Долби театар.

Џекмен на роденденската прослава пеел, играл и раскажувал приказни а потоа собрал 1,85 милиони долари за Фондот за подвижни слики и телевизија, пренесува АП.

 

„Ова најверојатно е најнарцисоидниот начин за прослава на роденден. Ги одбрав своите омилени песни и раскажував приказни за својот живот”, изјавил Џекмен по забавата.

Во придружба на оркестар од 17 членови, Џекмен извел варијација на своето шоу од Бродвеј, со лични приказни, инсерти од филмови и избор од класични холивудски мјузикли, вклучувајќи ја и песната „Singing in the Rain”.

„Да се биде тука вечерва, да се поддржи оваа кауза, беше одлично. Да ги избирав, немаше да можам да најдам толку дарежливи луѓе. Ова е тоа што го сакам и што сакам да го работам”, изјавил познатиот глумец.

Џекмен изјавил дека парите од добротворната журка ги донирал на Фондот за подвижни слики и телевизија, бидејќи овозможува „безусловна помош каква што добивате само од семејството”.

Оваа организација им овозможува здравствена нега и други услуги на вработените во забавната индустрија, како и забави за пензионерите.

Останати вести