Хуманитарниот коктел на МАСО

Минатата недела во рецепцијата “Шелдон”, Македонско-австралиската организација на заедницата – МACO заедно со бизнисмени и поединци организираа хуманитарен коктел за собирање на средства за настраданите од поплавите во Македонија.

На коктелот беше присутен и амбасадорот на РМ во Австралија, г-нот Веле Трпевски, кој по усопешната хуманитарна вечер во Сиднеј со кола допатува за да биде присутен на овој настан. Дознаваме дека друштвата што се дел од МАСО: Демир Хисар, Битолското “Александар Турунџев”, Тетовското “Шар Планина”, македонската заедница од Џилонг со КУД “Бисер” и АММД “Никола Карев”, рецепцијата “Шелдон” и бизнисмени собраа над $10,000 долари донација за Македонија.
Целокупната сумата која е собрана до овој момент е навистина импресивна и ја отсликува хуманоста и солидарноста на Македонците од Австралија. Конечната бројка амбасадорот Веле Трповски ќе ја објави по завршувањето на донаторската акција на 6 септември. Неофицијално се шпекулира дека сумата на сметката што ја отвори амбасадата на Република Македонија ќе биде околу 170,000 долари. Но, оваа сума не е конечна бидејќи се уште се организираат хуманитарни акции и, се разбира, многумина кои имаат фамилии во Австралија и беа афектирани од трагичната поплава добиваат дирекнто средства од роднините и пријателите.
Амбасадорот Веле Трпевски изрази благодарност на советите и градоначалниците на градовите Рокдејл и Квинбијан (кои исто како и во 2014 донесоа одлука за директна донација), на многуте македонски бизнисмени во Австралија кои одговорија позитивно на нашиот повик, на сите организации и здруженија кои отворија донаторски пунктови и организираат донаторски настани низ цела Австралија како и на сите добри луѓе кои секојдневно несебично донираат средства на сметката за донации.

Останати вести