Австралија е подготвена да му укаже хуманитарна, но и воена помош на Ирак

Австралија е подготвена да ги поддржи САД во пружањето не само на хуманитарна, туку и на воена помош на Ирак, изјави австралискиот министер за одбрана Дејвид Џонстон.

– Ние сме подготвени да пружиме секаков вид помош, доколку тоа од нас го побараат САД и Владата на Ирак, нагласи тој, но додаде дека досега никој не упатил такво барање кон Австралија.

– Состојбата во Ирак во најскоро време може исклучително многу да се влоши, предупреди Џонстон во интервју за телевизијата Еј-Би-Си.

Останати вести