И се су­ди на “Плеј­бој” за­ја­чи­ца за тр­го­ви­ја со ко­ка­ин

По­ра­неш­на­та мо­дел­ка на “Плеј­бој” Брен­ди Бранд бе­ше екс­тра­ди­ра­на од Лос Ан­џе­лес во Сид­неј, ка­де што ќе и се су­ди за вме­ша­ност во тр­го­ви­ја со ко­ка­ин. Че­ти­ри­е­сет и пет­го­диш­на­та ак­тер­ка и за­ја­чи­ца за ок­том­ври 1987 го­ди­на, се по­ја­ви во Су­дот во Сид­неј, ка­де што до­ле­та ис­ти­от ден од САД.

 

По­ра­неш­на­та соп­ру­га на ба­сис­тот Ни­ки Сикс од “Мот­ли кру” не под­не­се ба­ра­ње за ус­лов­но ос­ло­бо­ду­ва­ње, ни­ту, пак, под­не­се туж­ба. Таа е об­ви­не­та за вме­ша­ност во ор­га­ни­зи­ран кри­ми­нал со тр­го­ви­ја со ко­ка­ин во ави­о­ни на “Кван­тас” и на “Ју­нај­тед ер­лајнс”, од Ка­ли­фор­ни­ја до Сид­неј, од ју­ли до де­кем­ври 2007 го­ди­на. Во овој пер­и­од, таа за­ра­бо­ти­ла по­ве­ќе од 120.000 до­ла­ри од вак­ви вал­ка­ни здел­ки.
Неј­зи­ни­от по­ра­не­шен деч­ко, Рас­ти Сет­сер од гру­па­та мо­тор­џии “Крас­ти де­монс”, ми­на­ти­от ме­сец бе­ше екс­тра­ди­ран во Сид­неј од Лос Ан­џе­лес, по­ра­ди об­ви­не­ни­ја за тр­го­ви­ја со дро­га.

Останати вести