ИД има нуклеарни бомби во САД и во Германија, војната почнува годинава

Поранешниот џихадист Салех Абдеслам предупреди дека терористичката организација наречена Исламска држава скрила четири нуклеарни бомби во Европа и во САД и дека судирот на цивилизациите треба да почне во 2016 година. 

Тој порача дека само во Германија има 18.000 терористички ќелии кои чекаат на придвижување на невидени катастрофи во Европа. Абдеслам исто така додаде дека нуклеарните бомби ќе бидат лансирани во САД, Германија, Франција и Русија. Имејлот на овој поранешен џихадист првобитно беше објавен на германскиот сајт „Нетзпланет”, а тој таму ги открива сите детали од планираната нуклеарна инвазија.
– Бев припадник на ИД и потоа сфатив дека придружувањето кон нив беше најголемата грешка која некогаш сум ја направил. Ме изманипулираа да направам нешта што не сакав да ги направам – вели поранешниот џихадист во својот имејл.
Тој додава дека имејлот не е молба за простување, туку дека само сака да ја предупреди јавноста на идните случувања кои ќе бидат катастрофални доколку не се направи ништо за да се спречат исламистите. Тој вели дека не сака да оди в затвор и дека се надева оти имејлот ќе помогне јавноста да ја сфати вистината.
– Можеби ќе помогне да се спречи војната која треба да почне оваа година. Оваа 2016 година е година во која почнува третата светска војна. ИД поседува четири нуклеарни боеви глави од типот „W25″ и „W89″. Лично ги видов. Едната е во САД, една има во Германија, една во Франција и една во Русија. Денес има повеќе од 135.000 члена на ИД, од кои 65.000 се распрскани по Сирија за да ги заштитат сокриените складишта со оружје и за да се борат на фронтовите со цел обезбедување на стратешки важните локации за шверц на нафта и оружје – предупредува Абдеслам.
Тој прецизира дека во Франција има 2.800 терористички ќелии во регионот околу Париз, во Англија има само 650 терористички ќелии затоа што таму е многу тешко да се влезе. Абдеслам додава дека во Шведска има 1.600 терористички ќелии, а во Германија дури 18.700 ќелии и дека нивниот број се зголемува секојдневно.
– За Либек (град во Германија) се планираат најмалку шест напади во кои членовите на ИД ќе ги разнесат сите мостови во градот. Оружјето и експлозивите се прошверцувани пред неколку месеци во разни градови – вели Абдеслам.
Тој говори и за човек Шаб, кој е на листата за отстрел на ИД и дека за неговата глава се нудат два милиона долара, како и дека него го испратиле тајни служби на САД да убива членови на ИД и дека убил повеќе од 400 терористи. Шаб не е виден од јули 2014 година, а Абдеслам изразува надеж дека тој ќе биде пронајден и дека од него ќе се до­бијат сите информации пред да го фатат исламистите.

Останати вести