Иднината на Холден во Австралија е неизвесна

Работниците во фабриката за коли Холден кои гласаа за во наредните три години да имаат замрзнување на платите во обид да се спаси компанијата минатиов понеделник беа игнорирани од шефот на интернационалните операции, што укажува дека иднината на оваа марка е несигурна во Австралија.

 

Стефан Џакоби, човекот што ќе ја одреди судбината на фабриката Холден, имаше тајна посета на Австралија, но не отиде да ја види фабриката во Мелбурн и не сретна ниту еден од 1,700 вработени чии работни места се во опасност.
Џакоби пристигнал во Мелбурн во недела навечер пред средбата во главните канцеларии и Ланг Ланг местото каде што се тестираат колите,100 километри југоисточно од Мелбурн, каде ги испроба новите модели и сретна некои од инжинерите кои ги дизајнираат колите.
По помалку од 48 саати во вторникот си замина од Австралија. Секретарот на синдикатот на австралиските работници Џон Камилио, барал средба со Џакоби и дури понудил во било кое време и ако треба и на аеродром да се сретнат на само 10 минути. Во прашање е иднината на 1,700 работници и на сите оние што снабдуваат делови и сервиси на индустријата.
Федералната влада на Австралија веќе подолго време дава сигнали дека нема намера вечно да ги сабсидира фабриките за коли и навестува намалување на дотациите, во меѓувреме се очекува известувањето од комисијата за продуктивност во март 2014 година.

Останати вести