Во моментов во близина на грчко-македонската граница има над 11.000 мигранти

OПАСНОСТ ОД ЕПИДЕМИИ ВО КАМПОТ КАЈ ИДОМЕНИ
Атина – Директорот на Управата за јавно здравство во грчката област Централна Македонија, Софоклис Куртидис предупредува на опасноста од епидемии во бегалскиот камп на грчко-македонската граница, објави електронското издание на весникот „Етнос”.

Во моментов во грчкото село Идомени има над 11.000 мигранти, меѓу кои и многу мали деца, а условите во импровизираниот камп не се добри, додава весникот. Меѓу бегалците веќе беа регистриани случаи на болни од хепатит А, како и ширење на шуга.
Од Брзата помош бараат да се преземат мерки и да се дезинфицираат нивните возила, во кои се пренесувани мигранти. Весникот пишува дека во реонот на кампот има вирови, полни со гнило ѓубре и се шири неподнослива миризба. Храната која се дели на мигрантите е со сомнителен квалитет, забележува „Етнос”.
Според заменик-гувернерот Јоана Заки, ситуацијата во Идомени е неконтролирана и кампот треба веднаш да биде затворен. Во моментов здравствените власти не можат да го дезинфицираат регионот, бидејќи постојат многу луѓе кои постојано се движат меѓу отворените шатори.

Останати вести