Игор Стефановски-Иџе победи на „Валелунга“, ечеше македонската химна

Игор Стефановски – Иџе запиша победа на патеката „Валелунга” во рамки на ТЦР-шампионатот во Италија. По седмото место на првата трка, Иџе стартуваше седми на втората, но успеа да издоминира меѓу италијанските ривали и на крајот за цели 9 секунди да слави пред Александро Џардели и Јакопо Гвидети.

Ова е деби победа за Иџе во новата сезона, и втор подиум по претходното второ место на трката во “Имола”.
– Овде сум прв пат, прва победа, благодарност до сите, до момците во боксот, до сите во Македонија! – рече Игор Стефановски по трката.
Како единствен странец на италијанскиот шампионат со новите 25 бода се искачи на 10-тото место во генералниот пласман. До крајот остануваат уште два викенда.

Останати вести