Австралија има отворени врати за меѓународни студенти повеќе од било која држава. Со одличен образовен систем кој нуди врвно и квалитетно образование, Австралија може да се пофали дека е центар на едукацијата.
Модерни програми, современи услови, опремени училишта, факултети и универзитети и амбициозни професори расположени за пренесување на знаењето на најдобар можен начин.
Сите кои се заинтересирани да ја одберат Австралија за студентска дестинација, работна дестинација или дестинација за живеење, мора да го полагаат ИЕЛТС тестот.
Секако, тестирањето секогаш звучи малку застрашувачки, но со правилна подготовка овој тест повеќе оди во прилог на студентот отколку да го одбие од намерата за пристигнување во Австралија.
ИЕЛТС (IELTS) е меѓународен систем за тестирање на англискиот јазик (English language testing system). Овој тест е најпопуларен тест на светот за англиски јазик, за образовни, работни и миграциони цели. ИЕЛТС го склопиле глобални партнери на експерти по англиски јазик – ИЕЛТС Австралија, Британскиот совет и Кембриџ универзитетот.
Има 2 типa на ИЕЛТС тест:
Academic – за оние кои аплицираат за повисоко образование или професионална регистрација.
General training – за оние кои мигрираат во Австралија или аплицираат за втор циклус на образование, тренинг програми и работно искуство во околина од англиско говорно подрачје.
И двата типа овозможуваат валидно и точно калкулирање на 4 јазични вештини: слушање, читање, пишување и говорење.
Тестот е фер за сите и не се заснова на никакви пристрасности. Достапен е на повеќе од 1100 локации низ светот, ИЕЛТС може да го полагаат огромен број на засегнати.
Кој тип на тест да го одберам?
Повеќето заинтересирани го одбираат академскиот ИЕЛТС тест за да го продолжат нивното образование и да аплицираат за студии надвор од нивната земја. Сепак добро е да се проверат барањата од индивидуални организации пред да го одберете вашиот тест.
Студентите може да номинираат до 5 организации каде што нивните резултати од тестот ќе бидат испратени автоматски и бесплатно. За праќање на резултатите на повеќе институции, дополнително се наплаќа.
Во однос на ИЕЛТС потребен за работа, кои индустрии го бараат?
Медицинските и фармацефтските институции што го претставуваат здравството и здравствените професионалци, дефинитивно го бараат ИЕЛТС и овој тест е од критична важност за компетентноста на англискиот јазик.
Други професионални тела од различни сектори како сметководство, инженерство, правен сектор и ветеринарна пракса.
Голем опсег на работодавци од сектори како финансии, владин сектор, градежништво, енергетско, авијација и туризам.
Како се оценува
тестот?
Оценките на ИЕЛТС се движат од 0 – 9, 9 како највисока оцена за експерт по Англиски јазик. Посебно се оценуваат 4те вештини и потоа од нив се калкулира просечна оценка.
Колку време
важи тестот?
Валиден период на тестот е 2 години. Потоа докажано е дека јазикот трпи губиток и треба одново да се полага тестот.
Каде може да се
полага тестот
во Македонија?
Во просториите на British Council во Скопје.
За повеќе информации можете да се јавите кај Милана Змејкоски во MZ Migration Services на моб: 0414 978 812.