Австралиската полиција распиша потерница и нуди награда од 100,000 долари за информација што ќе го пронајде лицето кое става игли во јагодите што се продаваат во супермаркетите.
Некој се обидува да ги саботира производителите, но уште пострашно е што ги става под ризик животите на децата и бебињата “, соопштува полицијата.
Предупредувањето сеуште важи да ги исецкате јагодите, зашто во нив може да има игла. Дел од производителите на јагоди веќе ги повлекоа пакувањата од супермаркетите во страв дека може да предизвикаат фатални последици.