Игра за купот на Западна Австралија

Стирлинг Лајонс • Бејсвотер Сити 1:4

Неочекувано висок пораз на Стирлинг Лајонс на домашен терен од Бејсвотер Сити. Сепак нашиот претставник како шампион на првенството ќе има поправен испит во недела, на 29 септември против Соренто на своето игралиште на Македонија Парк.Бејсвотер во средбата дојде до водство неочекувано брзо, во првите 9 минути  беше 2 спрема нула за гостите. За Стирлинг Лајонс Македонија овој пораз сигурно има горчлив вкус бидејќи имаа линија од 17 натпревари во регуларниот дел од првенството без пораз.

 

Стрелци на головите за Бејсвотер Сити беа: Фарел во 7 м., Џејми Којн 9, 93 м. и Маруланда во 27 минута. Почесниот гол за Стирлинг Лајонс го постигна Енди Браун во 76 минута.

Се уште постои надеж за нашиот претставник доколку извојува победа во недела ќе може да продолжи во натпреварот на петте што играат за купот.

Останати вести