Игуменот Гаврил минатиот четвртокот пристигна во Перт, во посета на МПЦ Св. Никола. Од црковната општина срдечно го пречекаа овозможувајќи му пријатен престој меѓу своите пријатели и браќа во Христа во Перт.
Во неделата о. Гаврил заедно со о. Станко служеа Света Боженствена Литургија, а исто така ќе имаат заедничка служба и во вторник, на 24 мај. Литургијата како и обично започнува во 9 часот наутро.


