Игумен Гаврил одржа служба во “Св. Петка“ – Рокдаел

Минатава седмица во “Св. Петка” – Рокдаел започна да одржува служба игумен Гаврил. Причината е што претходниот свештеник Рубин Бојчески беше ненадејно повлечен од оваа црква кога Синотот на МПЦ реши дека владиката Петар веќе не е надлежен за оваа црковна општина.

Во меѓувреме, додека да пристигне следниот свештеник што ќе го испрати владиката Тимотеј, сите служби, крштевки, венчавки, погреби и црковни потреби ќе ги извршува отец Гаврил.
Парохијаните на црквата “Св. Петка” топло го примија отец Гаврил и минатиов викенд имаше голем број на верници на црковната служба.
Останува сега со времето да се залечат раните од долгогодишниот судски спор кој чинеше повеќе милиони долари. Расположението кај македонската заедница е очигледно – да се започне процесот на помирување за повторно да се обедини нашата заедница.

Останати вести