Игуменот Гаврил ракопроизведен во Архимандрит – ДОСТОЕН!

На 10.11.2017 година, кога Црквата го слави споменот на светата Параскева Икониска, Неговото Високопреосвештенство митрополитот Струмички г. Наум во сослужение со митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф и надлежниот митрополит Кумановско-осоговски г. Јосиф служеше Света Златоустова Литургија во манастирот на свети Ѓорѓи во Куманово.

На Божествената Литургија, во Архимандритски чин беше произведен Игуменот на манастирот „Свети Климент Охридски” во Кинг Лејк (Мелбурн), отецот Гаврил (Галев), а верниот народ кој со своето Достоин го потврди ова ракопроизведување се причести со Светите Христови тајни. Честитка за новиот чин и му посакуваме уште многу успеси во мисијата на Македонската православна црква на Австралискиот континент.

Останати вести