Илавара Меркури премиер лига, 22 коло

Крингила Лајонс – Булај 0:6

Крингила Лајонс во последната игра за оваа сезона доживеа тежок пораз од Булај, кој со подобрата гол разлика ја заврши сезоната на второто место пред нашата Волонгонг Јунајтед. Екипата на Крингила сепак може да биде задоволна со освоеното осмо место и 22 бодови, со што е во средишниот дел на табелата.

Дапто Дандалу – Конистон Лајонс 4:0

Уште еден пораз за Конистон Лајонс со што ја заврши натпреварувачката година на последното место со освоени 6 бодови од 22 натпревари. Следната сезона клубот ќе мора да се реорганизира и да вложи дополнителни напори за консолидација и зајакнување.

Волонгонг Јунајтед – Вунона 4:1

Сигурната победа за Волонгонг Јунајтед не беше доволна за освојување на второто место на табелата. За жал, иако има ист број бодови со второпласираниот Булај, гол разликата беше пресудна во овој случај. Волонгонг Македонија оваа сезона беше елитниот претставник на нашата заедница во Илавара и се покажа во извонредно светло и во игрите за купот на НЈВ, во кој успешно стигна до самата завршница.

Се надеваме следната натпреварувачка сезона клубот ќе успее да направи и еден чекор повеќе.

Останати вести