Над 50,000 парчиња огнено оружје е вратено во Австралија во рамки на амнестијата со која се дозволува на нивните сопственици да ги вратат без прогон, објавија властите.
Три месечната кампања прво беше водена во целата земја, по масовното убиство на 35 лица во 1996 година во Тасманија. Операцијата е завршена минатиот викенд, нешто малку пред масакарот на 58 лица во Лас Вегас, кој го направи 64 годишниот пензионер, а што повторно ја отвори темата за контрола на оружјето. Прајминистерот Малком Турнбул изрази задоволство за „изворедниот одзив” на кампањата за враќање на оружјето. „Австралија поседува еден од најсилните закони за контрола на оружје, но илегалното оружје претставува опасност за жителите. Благодарејќи на оваа амнестија моментално има 50,000 парчиња огнено оружје помалку на улиците” – рече тој. Пред да почне операцијата, владата проценила дека бројот на илегалното оружје во оптект е некаде околку 260,000.
Со амнестијата им се овозможува на луѓето да го вратат илегалното или несаканото оружје без прашања. Незаконското поседување огнено оружје нормално подлегнува на казна од 250,000 долари или 14 години затвор. Целта на амнестијата е борбата против тероризмот и заштита од масакр.