По повод големиот национален и верски празник Илинден, Македонско австралиската организација на Заедницата (М.А.С.О) организира културно уметничка манифестација под мотото “Илинден е наш, Делчев е наш”.
Прославата се одржа во петокот на 2 Август во Sheldon Receptions, со богатата културно уметничка програма посветена на Илинден. Во музичкиот дел настапија играорните групи МКУД „Јане Сандански” и Ансамбл „Тоше” со познати Македонски ора и песни.
Поздравен говор одржа Лидија Нешковска, претседателката на МАСО, а свое обраќање имаше и лабуристичката парламентарка Натали Сулејман.
За Илинден и неговото значење зборуваше Гордана Димовска. Следуваше веселба со песни и ора за кои се погрижија Татјана Лазаревска и Никола Зацески заедно со “Експрес Бенд”.



