Празникот Илинден свечено прославен во Сиднеј

Во саботата, на 28 ми јули, свечено беше прославен големиот националнен празник Илинден во салата на истоимениот Спортски центар во Рокдаел, на кој присуствуваа голем број Македонци.

Со убава музика, храна и пијалоци и прекрасниот глас на Новица Василевски и Весна Стаменковска придружени од групата Пелистер присутните уживаа во настанот.
Програмата ја отвори претседателот Денис Лотар кој ги поздрави присутните и им се заблагодари на сите спонзори и помагатели, притоа оддавајќи им признание а ги спомна и претходните претседатели што работеле за клубот, како и првиот претседател од седумдесеттите години, господинот Симе Зипевски.
Краток реферат за значењето на денот прочита Славица Марчевска на англиски јазик со цел помладите да слушнат зошто се празнува овој многу важен ден во историјата на нашиот народ. Убавата прослава на која се веселеа присутните траеше до доцна во ноќта. Празнувањето беше предвреме затоа што оваа среда, на 1 август навечер се одржа голем спортски настан, односно фудбалскиот натпревар за купот на ФФА во кој Рокдаел Илинден го пречека А–лигашот Сиднеј ФК.

Славица Марчевска

Останати вести