Минатиов четврток Македонското пензионерско друштво за Донкастер и Темплстоу свечено го одбележа Илинден.
На големиот ручек во традиционални носии дамите се потрудија да му дадат специјално значење на собирот. Покрај Пола Пицини, градоначалничката на општина Манингам, тука беше и нашата Софи Соклевски од Абеј фунералс, кои секогаш ги поддржуваат нашите пензионери.
Во пријатно расположениe со македонска музика, ора и дружба се одбележа востанието против турското ропство пред 116 години и основањето на Крушевската Република која подоцна е задушена во крв.
