Федерацијата на културно уметничките друштва од Викторија свечено ja прослави 113 годинишината од Илинденското востание.
Игроорните групи од Мелбурн во саботата во Херитиџ Рецепцијата во Епинг го одржаа својот традиционален Илинденски фестивал. Со ова манифестација ФОМКУД од Викторија воедно го прослави и јубилејот, 31-годишнина од основањето. На Илинденскиот фестивал имаше голема посета, а настапија следните друштва: КУД Јане Сандански, КУД Илинден, КУД Никола Карев, КУД Танец, КУД Александар Македонски и КУД Светлост. Годинава недостигаа само КУД Бисер од Џилонг (кој имаше голем број на игроорци во Македонија) и КУД Тоше Проевски, за кој се надеваме дека на следниот настап ќе земе учество во организацијата. Илинденскиот фестивал има долга традиција и непрекинато се одржува уште од далечната 1988 година.
Покрај дружењето на игрaорците, со заедничката прослава се пренесува љубовта на помладата генерација кон македонската култура и традиција. Веруваме дека токму таа љубов е причина повеќе да бидеме единствени, сплотени и сложни во заложбите за зачувување на нашата култура и традиции во Австралија.










