Минатава сабота, во Belagio рецепција во Епинг, ФОМКУД од Викторија го одржа традиционалниот “Илинденски фестивал” за 2019.
Ова беше 33 годишнина на оваа заедничка прослава на играорните друштва од Викторија во која на најубав начин се прикажуваат нашите млади и прекрасни амбасадори на културата што играат во Македонските културно уметнички друштва.
Покрај дружењето на игроорците, со заедничката прослава се пренесува љубовта на помладата генерација кон македонската култура и традиција.
На годинашниот фестивал имаше голема посета, а настапија друштвата по следниов редослед: КУД Тоше Проески, КУД Танец, КУД Светлост, КУД Јане Сандански, КУД Илинден, КУД Александар Македонски, КУД Никола Карев.
Потоа присутните играорци и нивните најблиски заедно се веселеа со ора и песни до доцна во ноќта.
Илинденскиот фестивал има долга традиција и непрекинато се одржува уште од далечната 1988 година и се надеваме уште долго ќе продолжи да биде ден на кој сите игрорци се собираат на едно место.
Со порака од организаторите да се видиме повторно следната година, и да продолжиме да ја негуваме Македонската култура во Австралија.







