Во Сиднеј најсвечено се одбележа во црквата Св. Петка во Сиднеј.
Најпрво свештеникот Владо Недески одслужи свечена богослужба по повод верскиот празник Свети Пророк Илија и неговата улога во православната религија, а потоа одржа и панахида за сите починати борци кои ги дадоа своите животи за слободата на Република Македонија, во Илинденското востание 1903 година и во Втората светска војна 1941-44 година.
За значењето на прославите од двата Илиндена извештај прочита свештеникот Владо Недески, по кое пред бистата на апостолот на македонското револуционерно движење Гоце Делчев, претседателот и секретарот на црковната општина Св. Петка, Борис Димчевски и Петар Котевиќ поставија венец од свежо цвеќе.
Нека живее вечно идеалот за самостојна и обединета Македонија!
Господ нека ја благослови Македонија и Македонците насекаде во светот.
Иван Трпоски
Фото: Даниела Недеска
