ЕГИПЕТСКИ ДОКТОРИ-МОНСТРУМИ: Им ваделе органи на бегалци и заработувале милиони!

Египетските власти уапсиле 45 доктори, медицински сестри и посредници на осомничените за илегална трговија со човечки органи.
Уапсените купувале органи од бегалците кои продавале делови од телото за да го финансираат својот пат во Европа. Полицијата во големата рација запленила неколку милиони долари.

„Уапсените ја искористувале лошата економска ситуација на граѓаните во Египет и маките на мигрантите од Африка. На граѓаните на кои им била потребна итна трансплантација им земале големи суми пари”, соопштено било од министерството за здравство. Идентитетот на уапсените не е наведен. Полицијата во истрагата се фокусирала на ланец приватни болници и здравствени центри, а клиниките се затворени. Интересно е дека некои од уапсените доктори работеле во угледни институции, меѓу кои и двата најголеми египетски универзитетски медицински центри во Каиро.
Координаторот на СЗО, Лук Ноел, уште во 2010. година го навел Египет како една од петте земји во светот во која е најмногу распространета трговијата со човекови органи. Иако властите во Каиро усвоиле остри закони, стотици сиромашни Египќани секоја година продаваат бубрег или црн дроб за да вратат долгови или да имаат што да јадат. Новиот шеф на ОН, а претходно челник на УНХЦР, Антонио Гутиерес, уште во 2012. година рекол дека постојат извештаи дека на Синајскиот полуостров, кој е под контрола на Египет, имигрантите се убиваат за да им се одземат органите.

Останати вести