Има ли договор за премиер?

Освен премиерската функција, Ахмети ги бара: МВР, Министерство за финансии, УЈП, НБМ… у.п.м. 

Во преговорите меѓу СДСМ и ДУИ договорено е премиер по принципот 3+1, објави “Канал 5” телевизија, повикувајќи се на партиски извори.
Тоа значи три години на чело на владата ќе биде Зоран Заев, а една година Насер Зибери. ДУИ ќе управува со УЈП и Министерството за внатрешни работи.
СДСМ ја демантираше ова (дез)информација со нагласување дека такво нешто нема.
Инаку, во четвртокот попладнето (откако го доби мандатот) Заев имаше нова тричасовна средба со Ахмети. По неа беше испратено заедничко соопштение во кое се вели дека е направен уште еден чекор поблиску до договор за коалиција.
“На оваа конструктивна и продуктивна средба постигнати се основи за напредок кој води до коалиционен договор за нова, европска Влада посветена на европските интеграции, на економијата, еднаквоста и на владеењето на правото”.
Ниеден официјален претставник било од СДСМ било од ДУИ не сака да даде поконкретна изјава со образложение “да не им наштети на преговорите”.
А што вели чаршијата?
Во шпекулациите кои се вртат преку медиумите, повикувајќи се на “доброизвестени кругови”, има многу повеќе зачини и мириси кои ја дополнуват бледата атмосфера од соопштенијата.
Наводно покрај барањето Насер Зибери да биде премиер во првата од четирите години од мандатот на идната влада, Али Ахмети од Зоран Заев бара и други високи државни позиции во преговорите за формирање на ново парламентарно мнозинство.
Според ТВ 24, Ахмети барал министерски места во МВР и финансии, вицепремиерско место за економија, директорско место во УЈП, но ја барал и функцијата гувернер на Народната банка.
– Насер Зибери за премиер ќе биде избран со 74 гласа, Зоран Заев со 61, нели е тоа доволен показател дека компромисот што ние го ставме на маса има и посериозен кредибилет. Тоа е и влог во иднината, особено кога следната година ни претстојат локални избори, па потоа и претседателски – рекол функционер на ДУИ за телевизијата.
ДУИ би можела да прифати и компромис – наместо првата последната година од мандатот премиер да биде Зибери, но ваквиот пристап во СДСМ се сфаќа како уцена од Ахмети кон Заев, поради што се јавуваат потешкотии во разговорите.

Останати вести