Промени во проверката на имотната состојба

На 1 јануари 2017 година, ќе има промени на проверката на имотната состојба која се користи за да се утврди колку пензија ќе добиете.
Деведесет отсто од пензионерите нема да бидат погодени од оваа промена или ќе добијат зголемување на пензијата.

Во декември 2016 година мал процент на пензионери чии исплати ќе бидат намалени или откажани, ќе добијат писмо од Department of Human Services во кое се објаснува како промените ќе влијаат на нивнaтa исплата.
Износот на имотната состојба што ќе може да ја поседувате пред тoa да влијаe на вашата пензија се зголемува. Новата проверката на имотната состојба ќе биде:
• $250.000 за самец сопственик на дом
• $375.000 за пар сопственици на дом
• $450.000 за самец кој не е сопственик на дом
• $575.000 за пар кои не cе сопственици на дом
Домот на семејството не е вклучен во проверката на имотната состојба.
Постепената стапка за износот на примањата за пензионерите, исто така, ќе се зголеми од $1,50 на $3,00. Ова значи дека, од 1 јануари 2017 година, пензијата ќе се намали за $3,00 на две недели, за секои $1.000 на имотот што го поседувате над дозволените средствата што не се сметаат.
Ако вашата пензија престанe на 1 јануари 2017 година како резултат на проверката на имотната состојба, автоматски ќе бидeтe прифатливи за Low Income Health Care Card. Ако сте на возраст за старосна пензија или постари на 1 јануари 2017 година, исто така ќе бидeте прифатливи за Commonwealth Seniors Health Card.
Ако сте на возраст помлади за старосна пензија на 1 јануари 2017 година, исто така може да побарате Commonwealth Seniors Health Card кога ќе достигнетe возраст за старосна пензија.
Вие не мора да ги исполните вообичаените проверки за приходи за овие картички, бидејќи вашата пензија е откажана како резултат на овие промени.
Измените исто така може да влијаат на исплати за нега на постари лица што државата ги помага. Жителите во старечки домови ќе добијат писмо заради зголемување на нивните домски трошоци.
Одете на humanservices.gov.au/rebalanceassets за повеќе информации. Исто така на оваа страница може да ја користите алатката за проценка за да дознаете како влијае на вашите исплати.
За повеќе информации на македонски јазик, јавете се на 131 202.

Останати вести