Импресивен собир одржаа Македонците во Мелбурн пред Конзулатот на Република Македонија, во Алберт Парк. По дождливото и студено време Македонците од Викторија мирно, заедно го изразија своето негодување поради условувањето на партиите на албанското малцинство за двојазичност, бинационалност и федерализација на Македонија.
Во Платформата што беше договорена во Тирана, Албанија, тие бараа: прогласување на Албанците за државотворен народ рамноправно со Маскедонците, албанскиот јазик да се воведе како официјален на целата територија на Македонија, промена на знамето и грбот на државата, да се даде извинување дека имало геноцид врз Албанците од 1912 до 1956 година. Со ова практично би се поставиле темелите за промовирање на едно федерално или конфедерално уредување на земјата што би водело подоцна и до нејзина поделба.
Како говорници на бината се појавија Сузи Кристов, Mери Сартинас, Живан Рендев, Ристо Попов, Аце Шапкар, Танас Цуцулов, Тасе Филипов, Александар Тодоров и Нафис Реџеповски.





















