Индиските трговци не ги прифаќаат австралиските долари

Шпекулацијата дека специјалната единица за спречување на сивата економија во Австралија ќе порача повлекување од промет на банкнотата од 100 австралиски долари имаше непредвидливи последици за австралијците кои патуваат во Индија, каде што банкнотите се одбиени од страна на трговците и менувачниците.

Индиските трговци ја предупредија австралиската влада за ситуацијата и очекуваат таа да ги посоветува граѓаните на Австралија кои сакаат да патуваат во Индија да ги заменат австралиските долари со евра или американски долари.
Стравот кај индијците доаѓа од притисокот од страна на австралиската влада предводена од либералната партија на прајминистерот Малколм Трунбул, да се подигнат милијарди долари во дополнителни приходи со оданочување на незаконски и непријавени готовински плаќања.
Индиската „кеш” економија е во хаос по одлуката на премиерот Нарендра Моди веднаш да ги повлече од промет банкнотите од 500 и 1000 рупи со цел да го спречи трупањето на неоданочени и непријавени пари кај луѓето.

Останати вести