Индонезија ја прекина воената соработка со Австралија

Индонезија ги прекина сите форми на воена соработка со Австралија поради понижување на нејзиниот национален принцип, потврдија тамошните воени службеници.
„Индонезија оваа одлука ја донесе на крај на декември, минатата година. Привремено ги прекинуваме сите форми на соработка со австралиската војска поради технички причини” – изјави воениот гласноговрник, генерал мајор Вурјанто.

Според неговите зборови: – „Понижувањето на индонезискиот национален принцип Pancasila за време на заедничка вежба на индонезиските специјални сили Kopassus и австралиските специјални воени сили, која се одржува во близина на Перт, е една од главните причини за прекинот на соработка”.
Природата на навредливиот материјал не е познат, но кажано е дека е „понижувачки” за индонезиската војска. Тој дообјасни оти техничките проблеми меѓу воените сили на двете држави создале проблеми за индонезиската страна.
„Ја прекинавме соработката затоа што во бројни аспекти заостанувавме. Тоа нам не ни одговара. Соработката мора да носи заедничка корист на учесниците и мораме меѓусебно да се почитуваме” – рече Вурјанто.
Индонезија последен пат ја прекина воената соработка со Австралија во 2014 година, по откривање на австралиското шпијунирање на поранешниот индонезиски претседател Сусил Бамбанг Јудојон.
Марис Пајн, австралиската министерка за одбрана, се надева дека што е можно поскоро ќе се врати целосната соработка со индонезиските воени сили. Таа потврди дека при крај на минатата година, еден индонезиски службеник изразил загриженост „во врска со наставните средства и дал забелешки на обуката на војската во Австралија.
„Началникот на австралиските одбрамбени сили, Марк Бинскин му пиша на својот индонезиски колега Гатот Нурманту, давајќи му гаранција дека прашањето е сериозно сфатено. Австралиската војска сериозно ги сфати проблемите, а истрагата е во завршна фаза” – кажа Пајн.

Останати вести