Германија бара помош од САД во спорот со Турција за „Инџирлик”

При преговорите во Вашингтон со американскиот државен секретар Рекс Тиларсон министерот за надворешни работи на СРГ, Зигмар Габриел, побарал помош за решавање на спорот со Турција, која уште еднаш одби да им даде пристап на членовите на Бундестагот да ја посетат НАТО база „Инџирлик”, пишува весникот Дер Шпигел.

„Верувам дека Американците ќе ги искористат своите можности да разговараат за ова со турската страна”, истакна германскиот министер за надворешни работи.
Пред неколку дена властите во Анкара уште еднаш ѝ забранија на делегацијата на федералниот парламент во Берлин да ја посети базата „Инџирлик”, каде се распоредени војници на Бундесвер и кои се вклучени во меѓународната коалиција против блискоисточната радикална група „Исламска држава”.
Одлуката на турските власти доаѓа во позадина на извештаите дека Германија им обезбедила азил на војници на Анкара, кои ја напуштиле земјата по обидот за државен удар во летото 2016 година
Како одговор на кризата владата на Германија сега размислува за повлекување на своите 260 војници од „Инџирлик” и како алтернатива на Турција се разгледува можноста војниците да бидат сместени во некоја база во Јордан.

Останати вести