Како да препознаете опасна инфекција на ушите?

Болката во увото е првиот знак дека се развива опасна инфекција во внатрешноста на ушната школка, а еве и кој други симптоми и зошто се случува оваа болест. 

Треска, тешка болка во увото, чешање внатре и околу увото, чувствителност и притисок во увото, губење на слухот и испукана кожа околу ушите, се симптоми дека можеби сте жртва на опасна инфекција. Болката и другите симптоми може да траат со месеци или години (хронична инфекција на увото), и ако не се лечи, ушниот канал се суши и постои голем ризик за губење на слухот засекогаш.

Инфекцијата обично се јавува кога користите стапчиња за да ги исчистите ушите и на тој начин го туркате ушниот восок назад кон ушниот канал. Исто така, ризикот се зголемува со честа употреба на слушалки, во контакт со шампон или кога има зголемено потење. За превенција, исто така важно е доколку одите на пливање, да користите капа за да не се инфицирате.

Воспалението главно се третира со капки за уши или специјализирано чистење на ушите за да се исцеди каналот од ушниот восок.

Останати вести