Информации за корисници на привремени визи во Австралија

Австралиската влада објави промени на аранжманите за корисниците на привремени визи.

Цел промените е да се заштити здравјето на нашата заедница, зачуваат можностите за работа на Австралијаните, да се поддржат критични индустрии и да се помогне за брзо опоравување после вирусот.
Носителите на визи во Австралија треба да ги почитуваат упатствата за јавно здравје во поглед на COVID-19.
Лица на одмор кои работат
Промените на визите за лица на одмор во Австралија кои работат (Working Holiday Maker visas) им помагаат на критичните сектори во здравството, негата на стари и лица со попреченост, земјоделството и преработката на храна, и детската нега:
• Ако сте лице на одмор кое работи (Working Holiday Maker) и работите во некој од наведените критични сектори, ќе бидете изземени од ограничувањето на правото на работа до шест месеци кај еден работодавец и ќе имате право на натамошна виза за да продолжите да работите во некој од тие сектори ако важноста на вашата сегашна виза истечува во следните шест месеци.
Ако имате виза за лице на одмор кое работи и не можете да се издржувате, треба да направите аранжмани да се вратите дома.
Сезонски работници
Работниците од програмите за сезонски работници и за пацифички работници (Seasonal Worker Program and Pacific Labour) ќе можат да го продолжат престојот во Австралија заради поддршка на земјоделскиот сектор.
Ако сте во Австралија учествувајќи во Програмата за сезонски работници, ќе можете да побарате виза за привремена активност – Temporary Activity (subclass 408) во поглавјето Australian Government Endorsed Event (AGEE). Работниците во Програмата за пацифички работници можат да побараат нова привремена виза – Temporary Work (International Relations) (subclass 403) Pacific Labour scheme stream visa.
Корисници на виза за посетители
Ако сте во Австралија со виза за посетители (Visitor visa) и не можете да се издржувате, треба да се вратите дома, ако е можно.
Меѓународни студенти
Меѓународните студенти се поттикнуваат да се потпираат на поддршка од семејствата, на работа со скратено време (part-time) каде ја има и на сопствените заштеди, за да се издржуваат во Австралија. Во некои околности студентите ќе можат да имаат пристап на нивниот австралиски superannuation.
Владата исто така ќе биде флексибилна во врска со условите на студентската виза, земајќи предвид кога коронавирусот спречил условите да бидат исполнети.
Носители на привремена виза за лица со квалификации
Ако имате привремена виза за работници со дефицитарни квалификации (Temporary Skill Shortage visa) и сте останале без работа, но не сте биле отпуштени, вашата виза ќе продолжи да важи и бизнисите ќе имаат можност да ја продолжат вашата виза преку ннормални аранжмани. Исто така, Владата ќе ви дозволи пристап до 10.000 долари од вашиот superannuation, за да се издржувате.
Бизнисите исто така ќе можат да да го намалат бројот на вашите работни часови без вие или вашиот работодавец да ги прекрши условите на визата или обврските.
Ако сте биле отпуштени или невработени, треба да најдете друг работодавец во рок од 60 дена или да направите аранжмани да заминете од Австралија кога тоа е можно.
Повеќе информации за овие привремени аранжмани се достани на интернет страницата на Министерството на: https://covid19.homeaffairs.gov.au/

Останати вести