Информации за самопопишување на иселениците (ПОПИС 2021)

1. КОГА ЌЕ СЕ РЕАЛИЗИРА ПОПИСОТ?
Пописот на државјаните на МКД со престој во странство ќе се спроведе во периодот од 1 март – 21 април 2021 година со самопопишување преку веб-страницата на Државниот завод за статистика.

2. НАЧИН НА САМОПОПИШУВАЊЕ /САМОРЕГИСТРАЦИЈА

Самопишувањето се врши преку пописната апликација до која може да се пристапи преку следниве веб-страници:
https://stat.gov.mk
https://popis2021.stat.gov.mk/default.aspx
https://census.stat.gov.mk
Самопопишувањето подразбира пополнување на пописната апликација од страна на самото лице кое е единица на попис.
Податоците за домаќинството ги дава полнолетен член во домаќинството кому податоците му се најмногу познати, а за децата до 15 години, еден од родителите, посвоителот или старателот.
Лицето кое ги дава одговорите за Пописот е должно на сите прашања да даде точни и целосни податоци.
Клучот за спроведување на попишувањето е Единствениот матичен број на граѓанинот –ЕМБГ на лицето кое се попишува.
3. ЗАШТИТА НА ПОДАТОЦИТЕ ОД ПОПИСОТ
Личните податоци прибрани со Пописот претставуваат доверливи податоци и ќе се користат само за статистички цели. Тие подлежат на посебна заштита која ќе биде обезбедена во сите фази на реализација на Пописот (прибирање, контрола, внес, обработка и дисеминација), а во согласност со одредбите на Законот за Попис, Законот за државната статистика и прописите од областа на заштита на личните податоци.
4. РЕДОСЛЕДНОСТ ПРИ САМОПОПИШУВАЊЕТО/ САМОРЕГИСТРАЦИЈАТА
За лицатаa, кои престојуваат сами во странство или престојуваат заедно со членовите на нивните домаќинства/семејства, самоопишувањето се одвива по следниот редослед:
1. Самопопишувањето започнува со најава на веб-страницата на ДЗС на следните линкови:
https://www.stat.gov.mk
https://popis2021.stat.gov.mk/default.aspx
https://census.stat.gov.mk
2. Најавата/ регистрацијата за самопопишувањето се врши само од странство – земјата во која лицето престојува (не може да се најавите/регистрирате од Македонија), а клучот за самопопишувањето е Единствениот матичен број на граѓанинот – ЕМБГ на лицето кое се попишува и неговата електронска адреса.
3. По успешното најавување / регистрација, преку e-mail порака, лицето се известува за лозинката на која треба да се повика за да може да започне со самопопишувањето. По добивањето на верификацискиот код, пожелно е истиот да се промени, т.е да се креира нова лозинка.
4. По успешното логирање, може да се стартува со самопопишувањето, а апликацијата овозможува тоа да биде направено со избор на еден од понудените јазици, по избор на лицето кое се самопопишува.
5. Пописната апликацијата има седум (екрани) страни кои се однесуваат на:
– Адреси и идентификациски податоци – Екран 1;
– Миграции- Екран 2;
– Брачна состојба и етнокултурни карактеристики (етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик) – Екран 3
– Образовни карактеристики- Екран 4
– Економски карактеристики- Екран 5
– Средства за живеење – Екран 6 и
– Попреченост/ инвалидитет- Екран 7
6. Пописната апликација по својата содржина (белезите за кои се прибираат податоци) е иста со пописната апликација што ќе се користи и при попишувањето во земјата, при што задолжително се применуваат технички и организациски мерки согласно со прописите од областа на заштитата на личните податоци.
5. КОРИСНО ВИДЕО УПАТСТВО ЗА ПРОЦЕСОТ НА САМОПОПИШУВАЊЕ И ТЕКСТ СО ЛИНКОВИ ЗА НА СОЦИЈАЛНИ МЕДИУМИ:
На македонски јазик: https://fb.watch/3XA_6uw8T5/
6. ТЕЛЕФОНСКИ БРОЕВИ ЗА КОНТАКТ ВО ДИПЛОМАТСКО-КОНЗУЛАРНИТЕ ПРЕТСТАВНИШТВА И МИНИСТЕРСТВО ЗА НАДВОРЕШНИ РАБОТИ
Со цел успешно одвивање на процесот на самопопишување, Генералниот конзулат на РС Македонија во Мелбурн ќе биде на располагање за било какви прашања на нашите државјани околу целиот процес на телефонските броеви:
+613 7023 0675 (редовна линија), како и на e-mail: melbourne@mfa.gov.mk
Министерството за надворешни работи исто така креираше телефонски броеви за контакт:
+389 75 268 732 (редовна линија, Viber, WhatsApp)
+389 75 268 734 (редовна линија, Viber, WhatsApp)
+389 75 268 745 (редовна линија, Viber, WhatsApp)

Останати вести