Минатава седмица во Австралија пристигна делегација на “Интегра” – Македонска конзервативна партија. Дојдени се претседателот на партијата Љупчо Ристовски и Сузана Чешмаџиска кои сакаат да воспостават директен контакт со македонската заедница во Австралија.
Тие присуствуваа на сесија за пратенички прашања на Парламентот на НЈВ, при што добредојде на „делегацијата од Македонија” им посака претседателот на парламентот Џонатан О’Ди. Остварена е и средба со пратеникот Натаниел Смит, министер за регионални прашања и заменик премиерот на НЈВ Џон Барило, како и со Марк Лејтам, лидерот на опозициската партија “Една нација”.
Потоа имаше средба со градоначалникот на Canterbury Bankstown и со Стив Тунтевски, општински советник во Bankstown од областа Revesby Ward.
За оваа седмица од “Интегра”, најавија состаноци со македонската заедница во Сиднеј и Мелбурн. Првиот ќе се одржи во Македонскиот центар Илинден во Рокдаел во среда, на 27 ноември со почеток во 19.30 часот. Следниот ден во четврток, на 28 ноември, во Sheldon Reception со почеток во 19 часот доаѓаат во Мелбурн.