Интензивирање на севкупните политички и економски односи со Австралија

Во рамките на својата работна посета на федералната австралиска држава Западна Австралија амбасадорот и почесниот конзул на Република Македонија Веле Трпевски и Зоран Ќосески заедно со Драган Богдановски, аташе во македонската амбасада и претстедателот на Македонско-западноавстрслиската стопанска комора Крис Вржовски беа примени од премиерот на Владата на З.А. Марк Макгауан.

Македонскиот амбасадор Трпевски и конзулот Ќосески исто така се сретнаа и со лидерот на опозицијата Мајк Нахан како и со бројни владини министри задожени за политичи и економски врски.
Во чест на посетата на амбасадорот Трпевски во парламентот на Западна Австралија пратеничката Џесика Стојковска и министерката Алана Мактиернан приредија свечен прием каде присуствуваа високи претставници на Владата и опозицијата како и од македонската заедница.
Развојот на македонско-австралиските политички, трговски и деловни односи со посебен акцент на Република Македонија како атрактивна бизнис и инвестициска дестинација во Европа биле тема на сите билатерални средби. На средбата заеднички е констатирано дека досегашниот пример на политички и бизнис контакти на австралиските фирми со македонското стопанство е добар почеток за натамошен развој и влегување на поголем австралиски капитал во Македонија. Амбасадорот Трпевски и премиерот Макгауан разговарале и за културниот развој на македонската заедница во Австралија, за нејзините напори за зачувување на јазичниот и културниот идентитет во рамките на мултикултурна Австралија, како и за интензивирање на севкупните политичи и економски односи помеѓу Македонија и Австралија.

Останати вести