Го запознала на Фејсбук, и рекол дека е војник и оти добил отштета од УС$ 850 илјади, но дека треба таа да ги подмири долговите кон една агенција.
На 28.02.2019 во 15:30 часот во СВР Штип, 54-годишна жена од Штип пријавила дека била измамена од лице кое го запознала на социјалната мреж Фејсбук на крајот на октомври 2018. Лицето се претставило дека е од САД и дека е војник во Авганистан.
Според пријавеното, во декември 2018 година и кажал дека, бидејќи бил повреден, од авганистанските власти му биле исплатени 850.000 американски долари, кои тој не можел да ги внесе во САД и дека парите ќе и ги испрати на неа, а таа требала само да ги подмири трошоците на агенцијата – Routenet Express за да можат парите да пристигнат во Македонија.
Жената се согласила и во периодот од 26.12.2018 до 29.01.2019, во неколку наврати уплатила вкупно 7.300 евра и 1.590 американски долари на агенцијата.
Парите требало да пристигнат до 20.02.2019, но до денот на пријавувањето не ги добила, по што заклучила дека била измамена.