Ирански војници пристигнаа во Сирија

Ројтерс тврди дека Иранците се приклучуваат на единиците на режимот на Асад и на Хезболах во борбите во северозападниот дел.
Стотици ирански војници пристигнаа во Сирија во изминатите 10 дена, а наскоро ќе се приклучат на силите на режимот и на нивните сојузници од редовите на Хезболах кои водат голема копнена офанзива, поддржана од руски воздушни напади. 

Новинската агенција Ројтерс објави вест за доаѓањето на Иранците, цитирајќи либански два извори.
„Воздушните напади (на Русија), во блиска иднина ќе бидат следени од копнени напади на сириската војска и на нејзините сојузници, рече еден извор запознаен со политичките и воените случувања во Сирија.
Два извори на агенцијата Ројтерс велат дека операцијата ќе има за цел повторно освојување на територијата која владата на претседателот Башар ал-Асад ја изгуби во борбата против бунтовниците.
„Претходницата на иранските копнени сили почна да пристигнува во Сирија. Се работи за војници и офицери кои биле одбрани да земат учество во оваа борба. Тие ни се сојузници, ние зборуваме за стотици луѓе со опрема и оружје. Многумина ќе дојдат по нив”, вели друг извор.
Ирачаните, исто така, ќе учествуваат во операцијата, додаде изворот, пренесуваат агенции.

Останати вести