Тропскиот циклон Ирис повторно се формираше над Коралното море, во близина на брегот на северен Квинсленд. Канцеларијата за метеорологија вели дека циклонот се наоѓа околу 310 км источно од Cairns и 330 км североисточно од Townsville.
Канцеларијата за метеорологија вели и дека циклонот Ирис се движи кон југоистокот со бризна од 13км/ч и би можел и понатаму да се развива, но не се очекува да го премине брегот.
Во текот на денот издадено е предупредување поради лошото време, а метеоролозите велат дека постои можност составот да се развие во циклон.
„Во последните 24 часа видовме добри знаци за понатамошен развој” – вели постара прогностичарка Diana Eadie за радиото ABC.
Можни се силни ветрови и обилни дождови во крајбрежните и островските области меѓу Rollingstong и Sarine како циклонот ќе се приближува до брегот. Обилните дождови можат да предизвикаат поплави, почнувајќи од вечерва, додека вкупната количина во период од шест часа може да изнесува од 100 до 150мм, а локалните врнежи би можеле да бидат и до 250мм. Експертите од Канцеларијата за метеорологија исто така очекуваат вкупната количина на врнежи во текот на 24 часа да изнесува и 200-300мм. Службениците на итните служби поради развојот на понатаношните временски прилики кои се движат кон брегот, испратени се во централниот и крајниот северен дел на Квинсленд. Предупредувањето за поплави е издадено за областите од Cairns до Rockhampton со веројатност на почести поплави.
Дежурниот прогностичар од Канцеларијата за метеорологија изјави дека во некои области се очекуваат обилни дождови.
„Постои можност во некои места врнежите да изнесуваат и неколку стотици милиметри” – изјави тој. Умерени до силни поплави можни се идната недела, особено во областите кои во изминатите неколку недели имале големи количина врнежи.
Сливните подрачја, вклучувајќи ги реките Herberet, Tully, Ross и Bоhle исто така би можеле да бидат погодени од овие врнежи. Macakay би можел да има и до 120мм дожд, додека за Townsville се прогнозираат и до 90мм врнежи за вторник. Канцеларијата за метеорологија вели дека кои обласите ќе имаат најсилни врнежи зависи и од движењето на фронтата на нискиот притисок.
Министерот за итни служби Craid Crawford рече дека се ангажирани дополнителен број луѓе и екипи со чамци за спасување во централниот дел на Квинесленд. „Во текот на изминатите неколку недели погодени сме со сериозни временски непогоди и со доаѓањето на дополнителни врнежи и ветар, знаеме дека службениците на Итните и противпожарните служби на Квинсленд (QFES) уште еднаш ќе си ја завршат својата работа. Дополнителните екипи ќе ја зголемат нашата способност да одговориме на ваквите временски услови. Овие мобилни екипи можат да се испратат во областите за кои се очекува дека ќе бидат најмногу погодени со обилни врнежи, за што ќе знаеме повеќе како што го следиме развојот на циклонското поле” – изјави тој.
Помошникот начелник на QFES за северните области John Bolger ги потсети жителите да се подготват за обилни врнежи и силен ветер.
„Подгответе план за случај ситуацијата нагло да се промени” – советуваше Bolger. Југоисточните области исто така ги очекува обилни врнежи, на почеток на неделата, а најверојатно ќе врне и во Бризбејн во понеделник.