30.000 Хрвати веќе живеат во Ирска, а секоја година нивниот број се зголемува за плус 5.000.
Со тоа Ирска веќе и официјално стана најголем хрватски остров. Хрватите повеќе сакаат да дојдат во Ирска отколку во Австрија, Германија или Швајцарија. Работните места кои ги добиваат главно се делат во две групи: оние кои се околу минималната плата од 1,200 евра месечно (А$ 1,900) и оние кои се платени многу повеќе – од 3,000 евра (А$ 4,800) па нагоре. Интересно е тоа што кога ќе дојдат во Ирска ретко кој од Хрватите продолжува да се интересира за политиката во татковината. За тоа најдобра илустрација е податокот дека на последните парламентарни избори за хрватскиот Сабор во амбасадата во Даблин гласал само 1 (еден) Хрват!?
– За жал иселувањето од Хрватска нема скоро да запре. Се случува т.н. “негативна селекција” – си заминуваат оние кои можат нешто да дадат на општеството, кои сакаат да постигнат повеќе во животот без разлика на возраста. А во Хрватска остануваат само оние кои практично се предале и се препуштиле на судбината – коментира еден од иселениците кој е повеќе од 20 години во Ирска.