Нова потрага по исчезнатиот малезиски авион

Малезиски експерти ја продолжуваат потрагата по боингот кој ичезна на 8 март во лет на релација Куала Лумпур – Пекинг.

Интензивната подводнa потрага ќе започне за околу две недели и се очекува да даде одговор зошто авионот летал надвор од патеката на летот, со 239 патници и членови на екипажот.

Австралискиот прајминистер Тони Абот во време на посетата на Куала Лумпур, со неговиот колега Хаџип Тун Разак, побараа независна и отворена истрага за авионската несреќа.

Австралија ја предводеше операција за пронаоѓање на авионот за кој се претпоставува дека е над јужниот дел на Индискиот Океан во близина на западниот брег на Австралија, но во пребарувањето од воздух, вода и под вода авионот не е пронајден.

И покрај многубројните обиди да се дојде до било каква трага од Боингот, досегашните спроведени истраги не вродија со плод.

За трагедијата да биде уште поголема само неколку месеци подоцна авиокомпанијата „Малезија ерлајнз” доживеа уште една несреќа во која 298 патници загинаа при пад на авион на истокот од Украина. Речиси сите тела на загинатите патници се пренесени во земјите од каде потекнуваат, но малезиските власти сепак признаваат дека тешко може да се утврди кој е одговорен за уривањето на авионот.

Резултатите од прелиминарната истрага за уривањето на авионот ќе бидат објавени деновиве.

Останати вести