Седумгодишно момче од Австралија е исчезнато по нападот во Барселона, објави британски Телеграф.
Малиот Џулијан и неговата мајка, Џом, биле во областа на Плаза Каталуња, кога комбето удри десетици пешаци. Младата жена беше повредена во нападот и беше однесена во болница со сериозни повреди.
Нејзината состојба е стабилна и нема опасност по нејзиниот живот, но повеќе од половина ден нејзините роднини не знаат каде е Џулијан. Во социјалните мрежи, тие споделиле слика на детето и го повикале секој кој има информации за него да ги контактира.
Според последни информации, 13 лица загинаа во нападот во Барселона, 15 беа сериозно повредени, 23 беа повредени полесно, а 48 с благо повредени.
Настраданите луѓе се од 28 различни националности. Меѓу повредените се државјани на: Франција, Германија, Холандија, Аргентина, Венецуела, Белгија, Австралија, Унгарија, Перу, Романија, Ирска, Грција, Куба, Македонија, Кина, Велика Британија, Луксембург, Австрија, Канада, Еквадор, САД, Филипини, Кувајт, Пакистан, Тајван, Турција, Италија и Алжир.
Македонски граѓанин, кој во моментот на нападот во Барселона бил во непосредна близина, се здобил со скршеница на зглобот на ногата. Тој не е во животна опасност и е третиран од страна на шпанските медицински служби, соопшти изутринава македонското Министерство за надворешни работи.