По исчезнувањето на неколку лица во Скопје, од кои дел се пронајдени мртви, во недостаток на официјални информации и повеќе детали, молскавично на социјалните мрежи почнаа да се шири паника дека во градот има сериски убиец и трговци со органи.
Ваквите статуси се споделуваат со брзината на светлината, а паниката помеѓу граѓаните колуминира. Дури и министерот за внатрешни Оливер Спасовски мораше да реагира со демант.
Статистичките податоци од 2014 заклучно со 2018 покажуваат дека од 2.008 пријавени случаи за исчезнати лица, пронајдени се 1.876 лица. Дополнително, на веб страницата на Министерството за внатрешни работи може да се проверат сите податоци и сите актуелни случаи на исчезнати лица.
“Целосно ги демантираме лагите и измислиците што неодговорни поединци ги шират по социјалните мрежи со цел да предизвикаат паника кај граѓаните. МВР ја гарантира безбедноста на граѓаните!
Апсолутна лага е дека имало некакво вадење на органи или некакви слични дезинформации.
Апелираме до медиумите и јавноста да се повикуваат на официјалните податоци на институциите и да се воздржат од шпекулации што можат да ја вознемират јавноста.
Статистичките податоци покажуваат дека не постои тренд на пораст во исчезнувањата, и дека во континуитет во последниве пет години пронаоѓањето на пријавените исчезнати лица се реализира со околу 94% .
Апелираме уште еднаш за воздржување од шпекулации кои неосновано ја вознемируваат јавноста.
За оние пак кои со очигледна намера ја вознемируваат јавноста, ќе бидат преземени соодветни мерки согласно законите”, велат од МВР.
Во Македонија во моментов има исчезнати 64 лица
На веб-страницата на Министерството за внатрешни работи како исчезнати се запишани 64 лица.
Најстариот отворен случај за исчезнато лице е оној за Веле Дојчиновски, роден 5 март 1960 година во с.Тресонче, а кому му се губи траг во арил 1992 година.
Последниот запишан на овој список e 65-годишниот скопјанец Абдул Алибен, за кого веќе 20 ден не се знае ништо.
Тука е и 26-годишниот Пинета Секондо-Пино.