Во текот на зимата и летото често се појавуваат мозолчиња на грбот, кои освен што не изгледаат убаво, можат да бидат и многу болни.
Дерматолозите објаснуваат како да се ослободите од нив.
На грбот постојат лојни жлезди, па тука најчесто се појавуваат мозолчиња поради употребата на погрешни препарати за нега.
Се појавуваат и на грбот и на градите, при прекумерно консумирање на протеините на база на кравјо млеко и стероиди кај билдерите, но и кај употребата на масла за нега на кожата кои предизвикуваат запечатување на отворите на лојните жлезди, објаснуваат дерматолозите.
Сепак, овие мозолчиња можат да се појават и поради облеката, па потрудете се во почесто да носите памучна облека. Туширајте се редовно за потта да не се задржува на телото, и користете благи гелови за туширање.
Храната исто така може да доведе до појава на мозолчиња, па трудете се да ја избегнувате нездравата исхрана. Доколку здодевните мозолчиња станат болни, загрижете се, бидејќи станува збор за воспаление.
Кога од фазата на комедон ќе преминат во фаза на воспалени акни, цисти и јазли тогаш се појавува и болката како последица на воспалението, објаснуваат дерматолозите.
Немојте да бидете сами свој лекар, посоветувајте се со стручњак што е најдобро да користите и никако немојте сами да ги третирате акните.
Мозолчињата на грбот се лекуваат на ист начин како и акните на лицето. Се користат препарати за чистење, пилинг, и препарати кои го смируваат воспалението на лојните жлезди. Понекогаш мора да се земаат и препарати за системска употреба на антибиотици или ретиноиди. Се применува, покрај домашната, и професионална нега на кожата со акни во вид на пилинг, ласер, сина светлина, микродермоабразија, истакнуваат дерматолозите.