Црвена тревога: ИСИС подготвува терористички напад во Австралија

Австралија го крена нивото на тревога поради терористичка закана на „високо”, првпат од воведувањето на оваа скала, пред 11 години.

Прајминистерот Тони Абот даде малку информации, но јасно кажа дека постои опасност од напади поврзани со ИСИС на домашен терен.

 Кревањето на нивото на терористичката закана на „високо” од страна на Австралиската безбедносна разузнавачка организација (АСИО) е знак дека може да се случи нападот, обелодени прајминистерот на новинарите во Мелбурн. Сепак, тој потенцираше дека засега „Ние немаме конкретни разузнавачки информации за конкретни сценарија”, пренесе националната телевизија АВС .

“Она што го имаме е информации дека постојат луѓе со намера и способност да извршат напади… луѓе што се борат во странство, луѓе што веќе се вратиле дома и луѓе што се во Австралија. Овие луѓе навистина се голем безбедносен проблем.”

Прајминистерот Абот исто така потенцираше дека Австралија извезно време знае за оваа закана.

Нивото на јавна тревога исто така е поставено на “високо”, но Абот објасни дека „единствените луѓе што треба да се чувствуваат загрозени од ова се терористите”, а не муслиманските заедници.

“Ништо од ова што го кажав денес нема врска со религијата. Во прашање е борба против криминалот”, продолжи Абот. “Единствените луѓе што треба да се чувствуваат загрозено од ова се терористите.”

Според разузнавачките информации, помеѓу 60 и 70 Австралијци се борат за терористичката група Исламска држава, а има и уште 100 што вршат споредни функции.

САД и Велика Британија имаат пет нивоа на безбедност. Австралија има четири. Ознаката “високо” е на само едно ниво од “критично” и “екстремно”, што би значело дека нападот е неминовен.

Останати вести