“Исламската држава“ сака да ги прикаже како жртви муслиманите, смета Малком Турнбул

Исламска држава сака да ги жртвува муслиманите, изјави прајминистерот на Австралија Малком Турнбул, пренесува Washington Post. 

“Ние не треба да бидеме премногу деликатни и да велиме дека ова е идила и нема ништо заедничко со исламот, но исто така не треба да ги држиме сите муслимани одговорни за злосторствата на една мала група луѓе”, изјави Турнбул.
По неговите зборови антиисламската реторика не е плодна и може да доведе до зајакнување на радикализацијата.
“Тоа е токму тоа што сака Исламска држава да направиме”.
Таа влегува во нивните наративи за експропријацијата. Тоа им овозможува да им велат на младите муслимани: „Видете, тие ве мразат и не ве сакаат, немате иднина таму, вие не сте Американци, Австралијци и Британци”, истакна австралискиот премиер, додавајќи дека треба да се вложат повеќе напори за борба со пораките на џихадистите и нивната стратегија во социјалните медиуми.

Останати вести