Исламската држава регрутира деца

Група млади муслимани од Сиднеј е обвинета за индоктринација на малолетници, откако се појави видео од регрутација одржана во 2013 година во Лакемба.

Снимката ја објавила телевизијата “Seven Network”, а на неа се гледаат четири момченца на возраст од 6 до 13 години како мавтаат со знамиња, вклучувајќи и знаме на Исламската држава и извикуваат дека “никој не е премлад да стане војник на калифатот”.

Момченцата порачуваат американскиот претседател Барак Обама “да оди по ѓаволите” и велат дека ја сакаат главата на сирискиот претседател Башар ал – Асад.

Австралиската министерка за надворешни работи, Џули Бишоп, коментирајќи ја снимката рекла дека тие деца би требало да си играат на игралишта со другарите, а не да бидат регрутирани од страна на неодговорни возрасни според идеологијата и ширењето на омразата кон земјата во која живеат, пренесува news.com.au.

Обвинетата група муслимани го води здружението “Muslim Youth Project”, која наводно е поврзана со Хизб ут-Тахрир, група радикали која неодамна заради екстремизам ја прозва и австралискиот премиер Тони Абот.

Австралија го криминализира учеството во платени војни во странство

Австралија донесе закон со кој се криминализира учеството на нејзини граѓани во странски војни како платени војници, откако десетици австралиски граѓани се придружија на екстремистички групи во Ирак и Сирија.
Премиерот Тони Абот пред парламентот изјави дека најмалку 70 Австралијци се борат на страната на такви групи во Ирак и Сирија и дека околу 100 посредници во Австралија помагаат за нивно регрутирање. Владата досега ги прогласила за неважечи пасошите на 70 граѓани.

Минатиот месец ОН ги повика сите земји да го криминализираат учеството на свои граѓани како борци во екстремистички групи, како и врбувањето и спонзорирањето на други лица со иста цел.

Останати вести