Исплати додека сте надвор од Австралија

За да ги добиете вашите исплати или картичка за попуст додека сте надвор од Австралија, мора да продолжите да ги исполнувате барањата за стекнување право за секоја исплата или картичка за попуст.

Во зависност од видот на вашата исплата или картичка за попуст, постојат различни правила за тоа како патувањето надвор од Австралија може да ве засегне. Кога ќе заминете од Австралија, вашите исплати или картички за попуст може да се променат, па дури и да бидат прекинати врз основа на овие правила. За најнови информации околу исплатите и картичките за попуст додека сте во странство посетете го местото на интернет humanservices.gov.au/paymentsoverseas
Проверете го местото на интернет пред да патувате или јавете ни се на 131 202 за да позборувате со некого на македонски јазик околу вашите околности.
Кажете ни за промените во вашите околности
Важно е да не известите за било какви промени во вашите околности коишто вообичаено би влијаеле на вашите исплати и картичка за попуст додека сте во странство, исто како што би направиле ако сте во Австралија. На пример, треба да ни кажете доколку има промени во статусот на вашата врска.
Како да ни кажете за вашето патување
Најлесен начин да ни кажете за вашите планови за патување е преку користење на вашата сметка во Centrelink на интернет, преку myGov. Преку интернет во секое време можете да ги дополнувате, да ги гледате, да ги ажурирате и да ги бришете вашите поединости за патувањата во странство.
Пред да заминете од Австралија, преку myGov регистрирајте се за сметка во Centrelink на интернет за да можете лесно да нè известувате за вашите планови за патување и за да имате пристап до вашите писма и други услуги преку интернет додека сте отсутни.
Министерството за дoселување на Австралија исто така ќе нè извести кога вие ќе заминете од Австралија.
Доколку веќе немате myGov сметка, креирајте myGov сметка на my.gov.au и поврзете ја сметката на Centrelink со вашата myGov сметка така што ќе изберете ‘Services’, а потоа иконката link што се наоѓа веднаш до знакот Centrelink. Може ќе треба да одговорите некои прашања за ние да ги поврземе точните записи со вашата myGov сметка.
Ако одберете да го регистрирате бројот на вашиот мобилен телефон со myGov, погрижете се да можете да примате пораки од овој број додека сте во странство.
Пристапување до Medicare додека сте надвор од Австралија
Додека сте во странство нема да можете да пристапувате до услугите на Medicare. Ако се разболите, може ќе треба да платите за целото медицинско лекување. Доколку постои договор Re­ci­procal Health Care Agreement во земјата во којашто патувате, можеби нема да треба да платите за некои работи. Овие договори го покриваат трошокот за основните медицински лекувања за австралиски државјани кои патуваат во одредени земји, а не се направени за да го заменат приватното патничко осигурување за патување во странство.
Ако одите во земја со која имаме склучено договор, понесете ја со вас вашата важечка картичка од Medicare. Така, доколку ви е потребно медицинско лекување, тоа може да го олесни целиот процес.
За повеќе информации за Reciprocal Health Care Agre­ements, вклучително и информација дали Австралија има таков договор со земјата во којашто вие патувате, посетете го местото на интернет humanservices.gov.au/rhca
Носење со себе или праќање на вашите лекарства во странство
Незаконски е лекарствата од Pharmaceutical Benefits Scheme што или не се за ваша лична употреба или не се за употреба за некој којшто патува со вас да ги понесете со вас или да ги праќате надвор од Австралија.
Најновите информации околу вашите исплати и услуги додека сте во странство, вклучително и оние за Medicare, можете да ги најдете на местото на интернет humanservices.gov.au/australiansoverseas
Проверете го местото на интернет пред да патувате, или пак јавете се на 131 450 (TIS National) за да зборувате со нас на македонски јазик околу Medicare и околу носење на лекарства во странство.

Останати вести