Ужасна исповед на жена која има задача да киднапира деца

Филипинката Лилибет Бустаманте е уапсена при обидот да киднапира девојче (10) кое си играло пред својата куќа.

Кога завршила зад решетки, откри дека за да грабнува деца добивала пари од банди кои потоа ги продавале како сексуално робје, посебно во педофилски кругови ширум светот.

Опиша детално како функционирала работата. Додека девојчето си играло пред куќата, и се доближила Лилибет, ја фатила за рака и и рекла да појде со неа до продавница. За среќа, ја видела соседката која ја спречила во тоа така зошто девојчето барало помош.

Лилибет вели дека добивала околу 17 евра (1.000 пезоси) за секое дете што ќе го доведе, а соработувала со уште една жена.

Децата им се продаваат на странски купувачи кои потоа ги силуваат, а често тие ужасни глетки ги пренесуваат во живо на интернет.

„Квотата ни беше – две деца неделно. Гледаме на оние кои имаат 10 и повеќе години. Треба да бидат убави. За нив добиваат по 70.000 до 100.000 пезоси (1.200 до 1.700 евра) во зависност од нивниот изглед, а мојот дел е 1.000 пезоси”, вели таа.

Откога и се приклучила на бандата минатата година вели дека грабнала десетина деца од филипинските улици.

„Не застануваме додека не ја исполниме квотата”, вели таа.

Полицијата моментално работи на случај кој фрли светло на сериозен проблем во оваа земја и ги потврди сомнежите дека голем број луѓе исчезнуваат секоја недела.

Останати вести